Перо Антиќ со Олимпијакос и Октај Махмути на клупата на Анадолу Ефес, имаа прекрасна вечер што ја крунисаа со победи во Евролигата на УЛЕБ.
Антиќ одигра добро и со 8 поени учествуваше во мошне важната победа на европскиот шампион Олимпијакос, против Каха Лаборал со 82-74, во меч од 8. коло од топ-16 фазата.
Македонскиот репрезентативец беше на паркетот 19 минути, а покрај осумте поени имаше и 2 скока.
Олимпијакос по овој триумф го мина Каха Лаборал и сега е на делба на третото место во Ф групата, заедно со Химки. Двете екипи имаат по 5 победи и 3 порази. До крајот има уште 6 рунди, а првопласираните 4 екипи одат во нокаут фазата.
Успешен беше и нашиот тренер Октај Махмути, со Анадолу Ефес. Во Истанбул, во салата „Абди Ипекчи“ падна ЦСКА Москва. Домаќините славеа со 63-60. Махмути одлично го предводи Ефес, а серијата е импресивна. Турците имаат 7 победи по ред и со скор од 7-1 го делат првото место со Реал Мадрид во Е групата.
Во премиерниот дуел денеска Химки го декласира Бешикташ со 31 поен разлика, 87-56, а во последниот меч од 8. коло, вечерва, Реал ја победи Алба со 77-72.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст