| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерка на милионери продава лимонада за еден долар

 kerkata-na-alesandra-ambrosio-prodava-limonada-za-1-dolar-01

5-годишната Ања Луис Амбросио Мазур, ќерката на Алесандра Амбросио и бизнисменот Џејми Мазуро, сончевото неделно утро во Калифорнија го помина продуктивно, продавајќи лимонада.

Преслатката Ања со помош од нејзините родители поставила штанд на тротоарот и таму го поминала целиот ден продавајќи освежителни пијалаци за 1 долар.

Таман кога помисливте дека децата на милионерите немаат детство, Ања, Алесандра и Џејми се покажаа како сосема обично семејство.

Кој би одолеал да не купи една лимонада од неа?

Алесандра била толку горда на својата ќерка, што не можела да одолее да не ја бакне

alesandra-i-kerkata

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top