
Левиот бек на ракометниот тим Вардар и репрезентативец на Македонија Филип Лазаров на неговиот „Фејсбук“ профил објави дека станал татко.
– Денеска нашата фамилија доби нов член Милан Лазаров, да е жив и здрав лепотанот на мама и тато – напиша Филип Лазаров.
Филип пред неколку месеци се ожени со архитектката Билјана Стамболиева, а кум му бешее Стојанче Стоилов, клупскиот и репрезентативен другар.
Тој и Билјана се од Свети Николе, но подобро се запознале кога таа дошла во Скопје да го продолжи образованието, на 18 години. Поради приновата која ја очекуваа Филип и Билјана решија свадба да прават следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


