Победникот на музичкото шоу „Икс-фактор“ Даниел Кајмаковски, неодамна објави дует со неговиот ментор во шоуто Жељко Јоксимовиќ, но за тоа не доби поддршка од продукцијата на ова познато музичко шоу, а сеуште не ја добил ни наградата.
-Покрај тоа што сеуште му ги немаат исплатено парите и обезбедено песни, не го поддржаа ни дуетот со Жељко Јоксимовиќ. Немаше ни реклама на нивните официјално профили на социјалните мрежи. Од друга страна, тие ја објавија песната на Кристина Ковач и „Доктори” , што многу го налути Кајмаковски – открил извор за „Српски Ало“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


