| четврток, 6 декември 2018 |

Киев го одби барањето на Орбан за автономија на Унгарците во Украина

Украинскиот заменик-министер за надворешни работи Наталија Галибаренко го отфрли повикот на унгарскиот премиер Виктор Орбан за автономија на Унгарците во западниот дел на Украина, оценувајќи дека тоа ќе го поткопа
единството на земјата.

Ukraine Kiev _4

Галибаренко изјави дека јазиците на етничките малцинства во Украина ќе бидат рамноправни со украинскиот јазик во образовниот систем и официјалните документи во регионите каде што има такви етнички групи, но дека „културна автономија, создадена на етничка припадност, не е на дневен ред“.

– Ние сме унитарна држава и треба да се однесуваме многу внимателно кон идејата за автономија – истакна Галибаренко.

Во однос на неодамна изразените претензии на Орбан, Галибаренко нагласи дека „партнерите на Украина треба да се воздржат од изјави кои се само од корист за Русија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top