Штрудлата со јаболкa или со вишни е многу почесто на нашата трпеза отколку штрудлата со цреши. Таа со јаболка или со вишни е покисела, поради видот на овошјето, но сега, во мај, на пазарите веќе ги има преубавите и вкусни црвени цреши. Тоа е причина повеќе да направите штрудла со цреши и да уживате пиејќи кафе со овој десерт.
Состојки:
За тесто: 250 грама брашно
Сол
20 грама брашно
1 дл вода
За фил:
1,5 кг цреши
80 грама презла
40 грама путер
250 грама шеќер
Цимет
Изрендана кора од еден лимон
2 пакетчиња ванилин шеќер
100 грама масло за јадење
50 грама шеќер за посипување
Подготовка:
Црешите се мијат и им се вадат семките.
Се замесува тесто за влечење и на чаршаф посипан со брашно се развлекуваат тенки кори. Се сечат рабовите, а кората се попрскува со растопеното масло за јадење. На една третина од кората се ставаат црешите и се наросуваат со шеќер, кора од изрендан лимон, ванилин шеќер и со цимет. Врз црешите се наросуваат и трошките испржени на путер. Кората се завиткува во штрудла и се става во добро намачкан плех. Озгора се попрскува со масло за јадење и се пече 40 минути во рерна.
Печената штрудла се сече на парчиња и се посипува со шеќер во прав. Добар избор за слатка храна.
Цреши
Црешите се овошје што се карактеризира со многу ниска калорична вредност, но, од друга страна, изобилува со витамини, минерали и со хранливи материи, како и со голема количина вода и шеќер. Од витамините, најзастапен е витаминот Б, витаминот Ц и бета-каротинот додека од минералите присутен е калиумот, како и бакарот, железото и магнезиумот. Ова овошје има изразено освежувачко, диуретичко, антиревматско и смирувачко дејство, но помага и во чистење на организмот од разни токсини, го засилува имунитетот и дејствува антиинфективно.
Црешите се извор и на органски јод, елемент што е неопходен за совршено функционирање на тироидната жлезда. Црешите се и извонредни антиоксиданси и го забавуваат и процесот на стареење благодарение на антоцијанините и стабилниот антиоксиданс мелатонин, кој има моќ да го смири нервниот систем и да ги олесни симптомите на невроза, несоница и на мигрена.
Црешите содржат две моќни соединенија, антоцианин и биофлавоноид. Помагаат за олеснување и за спречување артритис и напади на гихт. Црешите го намалуваат стресот и го спречуваат предвременото стареење.
Црешите помагаат за намалување на воспаленијата во организмот.
Мал број свежи цреши се омилен десерт во текот на летото, но ако сакате преку консумирање цреши да влијаете на здравствената состојба, тогаш треба да почнете со концентриран сок од цреши. Комбинацијата од концентрат од боровинки, концентрат од калинка и концентрат од цреши е суперхранлива, целосно природна и многу вкусна. Оваа комбинација може да биде секојдневен прилог на вашата здрава исхрана и да придонесе за спречување на предвременото стареење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст