| четврток, 6 декември 2018 |

Русија официјално ја прекинува соработката со ПССЕ

moskva

Руската Влада денеска официјално го извести Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) дека ја прекинува соработката и оти нема да учествува на летното заседание, соопшти шефот на Комитетот за меѓународни односи на Државната дума, Алексеј Пушков.

– Со ова известување детално го покажавме ставот на Русија за Крим и украинската криза, ја критикуваме одлуката на ПССЕ да одземе серија овластувања на руската делегација, а укажавме и дека Русија не се откажува од дијалогот, но дека не го признава јазикот на санкции, бидејќи тој ја прави соработката невозможна – рече Пушков.

ПССЕ во април усвои антируска резолуција поради припојувањето на Крим кон Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top