| четврток, 6 декември 2018 |

Поплави во Истанбул

Поројни дождови предизвикаа поплави во Истанбул и го попречија одвивањето на сообраќајот во градот.

Trakya ve Ýstanbul'da sel

Метеоролозите прогнозираат дека дождовите ќе продолжат до недела, а турските власти ги предупредуваат граѓаните да избегнуваат да стојат на отворено.
Весникот „Хуриет“ под насловот „Морето излезе на копно“ пишува дека особено бил погоден азискиот дел на градот. На плоштадот во населбата Јоскодар водата достигнала 50 сантиметри.
Во други делови на Истанбул, како Газиосманпаша, Багџалар и Есенлер се поплавени станбени објекти и канцеларии.
Сообраќајот во градот е парализиран. Патниците од градскиот транспорт биле принудувани да излегуваат од автобусите и да газат во водата.
Дождовите предизвикаа хаос и во други турски окрузи, како Измир, Малатија, Каркларели, Болу и Бурса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top