„Нежната жена со благ глас која ја обожавав, практично исчезна. На нејзино место дојде жена која мисли дека нејзниот главен успех во животот е да се израмни со мажот“ изјавил генијалниот научник Никола Тесла.
Тој во август 1924 година ги објаснил причините поради кои решил да не се жени. Како 68 годишен човек го објаснува идеалот за жената.
– Секогаш сметав дека жената ги поседува оние деликатни квалитети, ум и душа кои ја прават супериорна во однос на мажот. Ја ставав на пиедестал, фигуративно, и по некои важни својска сметав дека жената треба да стои повисоко од мажот. И како секој вистински обожавател се чувстував недостоен за предметот на тоа обожавање – вели Тесла.
Сега, смета Тесла дошле жените кои сакаат да се израмнат со мажите – по облеката, гласот и постапките, во спортот…
– Жените, стануваат посилни од мажите и физички и ментално. Светот искусил многу трагедии, но според мене, најголема од сите е сегашната економска состојба во која жената се натпреварува со мажот – велел Тесла кој останал неженет цен живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.