| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографија која ги потврдува тврдењата на мештаните- водата намерно насочена кон Обреновац?

most obrenovac

Српски Блиц објави фотографија со која покажува дека АД „Србија вода“ го уништила регионалниот пат кај Коцељево и така ја пренасочила реката Тамнава која го поплави Обреновац.

Директорот на „Србија вода“ Горан Пузовиќ вели дека не е вистина оти патот бил миниран, туку дека на местото каде што водата продирала со багери е направен отвор за истекување на водата во нивните низводно.

– Со ова се спасени неколку илјади куќи и граѓани на Коцељево затоа што во спротивно водата ќе беше до крововите на куќите и ситуацијата би била многу полоша, рекол Пузовиќ.

Сепак, како што веќе пишуваше Блиц, голем број на жители на Обреновац на 15 мај околу 23 часот слушнале силна експлозија по што градот го погоди големиот бран. Тие се жалат дека никој не им јавил дека надоаѓа големиот бран кој целосно ги изненадил поради што немале време да реагираат на катастрофата што им се случи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top