| четврток, 6 декември 2018 |

Џамбо, лажниот херој од Србија може да лежи затвор пет години?

џамбо

Кривичното дело поради кое е упасен 26-годишниот лажен херој Слободан Недељковиќ, познат како Џамбо според Кривичниот законик на Србија се казнува со затвор од шест месеци до 5 години.

На Џамбо му се заканува затвор од 5 години, доколку се докаже дека ограбувал куќи за време на поплавите во Обреновац.

Тој освен што е обвинет за кражби кои полицијата сѐ уште ги утврдува, заработи и казна за лажно претставување, поради што доби парична помош од неколку донатори.

До сега српската полиција утврдила дека всушност Слободан е од Косово и дека во Обреновац дошол за време на бомбардирањето во 1999 година. Тогаш имал само 11 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top