Руските власти воведуваат нови мерки за да се ограничи употребата на сателитските бази на територија на Русија,што ги користи САД,за потребите на нејзиниот Џи-Пи-Ес систем,соопштено во Москва руската вселенска агенција.
Во соопштението се вели дека со мерките се ограничува секаква можност за користење на земските базни станици за воени потреби. Ваквото решение на Москва е донесено и покрај барањето на Русија да постави една своја базна станица на американската територија,за потребите на рускиот навигационен систем „Глонас“ што од поодамна го блокира владата на САД.
Навигациски експерти објаснуваат дека решението на руската веселенска агенција нема да има никакво влијае врз корисниците на Џи-Пи-Ес системот во светот.
Рускиот заменик премиер Дмитриј Рогозин изјави дека работата на базните станици на рускиа територија ќе биде целосно запрено,доколку САД,до 31 август оваа година,не дозволат поставување на една руска базна станица на американска територија. Џи-Пи-Ес (Глобален систем за позиционирање) е сателитска навигациска мрежа која е во сопственост и се користи од владата на САД.
Системот се користи за да се обезбеди точно и прецизно позиционирање,како за цивилни,така и за воени потреби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.