| четврток, 6 декември 2018 |

Интересна кампања против алкохолизмот (видео)

По напорниот ден, вредните Јапонци сакаат да се отпуштат. Но се повеќе се отпуштаат со многу алкохол, па сè почесто знаат да се онесвестат на улица и така таму да спијат до наредниот ден, пишува „Метро“.

Загрижени поради ваквите чести глетки, вработените од најголемиот синџир на барови во Јапонија „Јаочо“, решиле да покренат кампања „номисуги“, што значи – премногу пијан.

Кога ќе видат пијано лице како спие на улица околу него залепуваат бела леплива лента и покрај него го ставаат своето лого „номисуги“ и ги охрабруваат минувачите така означениот пијан човек да го фотографираат и ја објават фотографијата на социјалните мрежи со хаштаг #номисуги.

На тој начин пијаниот е јавно засрамен, а токму тоа е ударот кој би можел да помогне во запирањето на претерано консумирање алкохол.

– Јапонците имаат големо чувство за чест и ова е начин да ги засрамиме за да го променат својот однос кон алкохолот – рече потпаролот на групата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top