„Мојата апликација заслужува одговор“ е насловот на кампањата што почнува денеска, а ја организира Ротаракт клуб Скопје Центар.
Целта на проектот „Мојата апликација заслужува одговор” е да се мотивираат компаниите да дадат повратен одговор на добиена работна апликација. Платформата се состои од благодарност за примената апликацијата и дополнителна информација за процесот на избирање на кандидатите.
Оваа кампања ја отпочнувааат младите понесени од своето лично искуство, но и мотивирани од алармантно високиот процент на апликанти кои покрај уредното конкурирање на одреден оглас сепак не добиле никаков одговор или повратна информација.
– Автоматското одговарање на добиените апликации е, всушност, известување дека пратената апликација стигнала на вистинското место, како и информација дека огласот е сè уште отворен за аплицирање – објасни координаторот на проектот Валентин Данилоски.
Тој напомна дека со отпочнувањето на оваа кампања Ротаракт клубот Скопје Центар ќе се обиде да влијае на компаниите да ја зголемат својата општествена одговорност и одговорноста на своите сектори за човечки ресурси.
Ротаракт клуб Скопје Центар е ново оформен клуб кој преку овој проект и многу други проекти во иднина ќе се стреми за подигнување на општествената одговорност кај граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев злоупотребува деца во политички цели, Одбусманот предвидува казна за вакво дело
-
Во среда ќе се знае колку партии ќе учествуваат во кампањата за референдумот и колку пари ќе добијат
-
Кампањата за референдумот ќе чини 80 милиони денари
-
Владата в среда ќе ја одреди сумата што ќе се потроши за референдумската кампања