Победничката песна од Скопски фестивал „Ќе те чекам јас“ доби свој видеозапис. Главната женска улога ѝ припадна на ракометарката Ива Стојковска.
„Ќе те чекам јас“ инаку дело на Јован Јованов (текст, музика и аранжман) на Велешко Езеро во продукција на Македонската телевизија раскажа и своја приказна со слика. Во спотот кој инаку го работеше „Фабрика продукција“, главната женска улога ѝ ја деделија на ракометарката Ива Стојковска.
– Спотот се снимаше на неколку локации во неколку дена. Сè уште нè држеше позитивната победничка атмосфера од Скопски фестивал па снимањето помина без каков било проблем. Ива Стојковска се снајде одлично во улогата на моделка и мислам дека ѝ годеше за момент спортот да го замени со спот – изјави Ламбе.
Во периодот што следува, Алабакоски ќе сними спот и за новата песна „Кога те имам“. Летниот период, кој, инаку, го трошеше на плажа во Преспа, годинава ќе го потроши на подготовка на нов музички материјал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.