| четврток, 6 декември 2018 |

Али Ахмети и Мендух Тачи со најмногу неоправдани

Од понеделник па се до средината на април – парламентарците се на одмор. Изборите ги испратија народните избраници на пауза.

Лидерите на ДУИ и на ДПА Али Ахмети и Мендух Тачи заминуваат на одмор по најмалку одработени работни денови. Тие се на врвот на листата на оправдани отсуства од пленарните седници во периодот од јули до декември минатата година.  По нив е  лидерот на ПЕИ Фијат Цаноски.

Најмногу пратенички прашања поставиле Изет Зеќири од НДП и Беким Фазлиу од ДПА.

Опозицискиот СДСМ води по поднесените предлог закони, а по него е пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.
Партијата на Ахмети е рекордер по поднесени амандмани, 15.500 амандмани и тоа сите на Законот за бранители. Следуваат НДП и СДСМ со околу 1.200 амандмани на Буџетот.

Најголем број на пратеници, дури 32 меѓу кои Али Ахмети, Рафет Муминовиќ, Мендух Тачи, Марија Рашковска, Ѓорѓи Коџобашиев, Драган Настески, Цена Матевска Дуза, не зборувале ниту еднаш на седниците.

Долг е и списокот на пратеници кои никогаш не отсуствувале неоправдано од пленарните седници за изминатите шест месеци, меѓу нив се собранискиот спикер Трајко Вељановски, Силвана Бонева, Светлана Јакимовска. Интересно е што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Харалампие Шокаровски бил во најредовните, но го има и во оние што не говореле ниту еднаш во овој период.

Во меѓувреме, измина и рокот за потврдување на кандидатите за градоначалници и советници. Ова значи дека сите активности за кампања до нејзиниот официјален почеток на 4 март се забранети. Предизборните панделки и темели на нови објекти треба да се заборават бидејќи, согласно Изборниот законик, ќе следуваат казни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top