Градоначалникот Коце Трајановски, на паркингот пред Грaдското собрание денеска се провози со електромобил, со цел подигнување на свеста за користење алтернативни возила на електричен погон и заштита на животната средина. Тој направи и неколку круга со електричен скутер, а по возењето најави дека во иднина планира возилата на јавната администрација да ги замени со вакви скутери, со кои за шест денари можат да поминат дури 100 километри.
– Чувството кога се возиш во електомобилот е прекрасно, моторот е бесшумен, а и од економска гледна точка заштедата е голема. За 60 денари се поминува 50 километри – истакна Трајановски.
Скопје во 2010 година стана дел од проектот енергетски свесни градови, и во таа насока развојот на градот треба да го насочува преку подгнување на јавната свест за користење обновливи извори на енергија, водите, биолошкото богатство и со идниот развој на градот.
Трајановски најави и набавка на електрични велосипеди, кои ќе можат да се изнајмуваат.
Градот преку ЈП „Градски паркинг“ веќе набави пет електро мобили за туристичко разгледување, кои наскоро треба да се стават во функција. За следната година се предвидува да се купат уште 10 такви. Половина час возење ќе чини 50 денари, а возилата ќе имаат обучен возач, кој во исто време ќе биде и туристички водич.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
До 2030 година во светот ќе има најмалку 125 милиони електромобили
-
Шилегов ќе го продава Мерцедесот – бил стар и небезбеден
-
Шилегов чека слика до Коце за на ѕид, Трајановски вели дека во градот има сто фотографии од него
-
Коневски: Победа за Коце Трајановски и листата – за да ги реализираме сите проекти за подобри услови во Аеродром