| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитарен карван со Жељко Јоксимовиќ во Скопје

Mузичката ѕвезда Жељко Јоксимовиќ во среда доаѓа на специјален хуманитарен караван во Скопје...

Zeljko Joksimovic stadion 06 (Custom)

Црвенот крст на Република Македонија, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје, на 4 јуни среда, со почеток во 11.00 часот ќе го одбележат светскиот Ден на згрижувачки семејства.

За одбележување на овој ден на просторот пред спомен-куќата на Мајка Тереза во Скопје ќе бидат поставени тенди, масички и столчиња на кои 50-60 деца со поддршка на волонтерите ќе реализираат креативни работилници. Меѓу волонтерите, своето присуство го потврди и српската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, кој ќе одвои време за да се дружи со децата, како и да им подари пригодни подароци и, се разбира, влезници за неговиот концерт закажан за 21 јуни во организација на „План Б продукција“.

По самиот настан, со поддршка на волонтерите на Црвен крст, ќе се реализира хуманитарен караван со кој ќе се посетат неколку инсистуции кои згрижуваат деца и млади. За сите нив ќе има слатки подароци од генералните спонзори на концертот, „Фриком“ и „Витаминка“ и дружба со балканската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ за едно сосемапоинакво искуство во нивниот престој.

Караванот ќе се движи според следниот распоред:

09.00 Специјално училиште Златан Сремац

10.00 Специјално училиште за деца и млади со оштетен вид Димитар Влахов

11.00 Централен хепенинг пред спомен куќа на Мајка Тереза

12.00 Дом за деца без родители 11 Октомври

12.40 Дневен центар за церебрална парализа Капиштец

13.30 Специјално училиште за млади со оштетен слух Партение Зографски

14.30 СОС Детско село

 

Со посетата на СОС Детското село, Јоксимовиќ ќе го заврши овој хуманитарен краван, чијашто цел е да ја разубави оваа, инаку, вообичаена среда. Во меѓувреме, ќе најде простор и време да се посвети и на прашањата на македонските новинари, како и да соопшти нови детали пред големиот спектакал закажан за 21 јуни на националната арена „Филип Втори“. Јоксимовиќ, инаку познат по својата хуманитарна работа во Србија, најави дека е вистинско задоволство пред концерт да им ги разубави времето и на сите овие луѓе, но и да најде начин истите насмеани лица да ги види и на големиот концерт на „Филип Втори“.

Вечерта, пак, со почеток во 19.00 часот, Јоксимовиќ ќе се дружи и со сите обожаватели што во тој момент ќе се најдат во „Скопје сити мол“. Цедиња, фотографии, автограми и отворена покана слична таква дружба да се случи и на 21 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top