| четврток, 6 декември 2018 |

Српска пејачка доживеала инфаркт на сцена

Српската пејачка и поранешна учесничка на „Звезде Гранда“, Андреана Чекиќ минатиот викенд за време на настапот во Виена и се слошило и се срушила на сцената.

На помош и притрчале музичарите од нејзиниот бенд, а Андреана итно била префрлена во болница, каде констатирале дека имала слаб инфаркт.

– Андреана како вистински професионалец отпеа цел блок на песни, а вистинската драма почна во моменот кога и се слоши.
Одеднаш пребледе, а изгледаше како да остана без воздух. Обезбедувањето веднаш повика Итна помош, а Андреана беше
префрлена во болница, изјавил извор близок до пејачката и додал дека таа сега се чувствува добро, но дека уште неколку дена ќе мора да остане во Виена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top