Не очекува дождлив викенд. За утре се најавува променливо облачно време со слаб локален дожд. По одделни котлини во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од осум до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со утринска слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 10 степени.
Во недела ќе дува засилен јужен ветер, а попладне облачноста насекаде ќе се зголеми така што во вечерните часови ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат и пообилни. Ќе има и услови за појава на грмежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


