Триесет и тригодишен жител на скопското село Љуботен го загуби животот во сообраќајна несреќа, која вчера се случила пред влезот на селото.
Од полицијата информираат дека во 12.20 часот дошло до судир меѓу „пасат“ и „волксваген“, двете со скопски регитарски таблички.
Од здобиените повреди, 33-годишниот Нуредин Н. Починал на самото место. Со тешки повреди се здобила сопатничката од „пасатот“, 53-годишната И.Р., која е пренесена на скопските клиники, додека полесно повреден бил возачот В.С. (31).
Полицијата извршила увид на местото на несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.