„Скопје сити мол“ оваа среда со почеток од 19:00 часот организира настан каде легендата на балканската музика, Жељко Јоксимовиќ ќе се дружи и забавува со фановите.
Во пресрет на големиот концерт на 21.06.2014 на „Арената Филип втори“, во „Скопје сити мол“ Жељко ќе се дружи, пее, фотографира и дели автограми на своите фанови.
Легендата на балканската музика оваа година е најактуелна личност на балканот, тој се појави како жири во „Икс-фактор“, а неодамна ја промовираше песната и спотот што ја изведуваат заедно со Даниел Кајмакоски.
„Скопје сити мол“ ги повикува сите фанови и љубители на добрата песна и атмосфера да присустуваат на оваа дружба во среда (04.06.2014) од 19:00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.