| четврток, 6 декември 2018 |

Кинез заробен во Кореја – син му цртал по пасошот (фото)

Четиригодишниот Кинез го покажал својот талент за цртање, не каде било туку на страниците од пасошот на тато.

Додека целото семејство било на одмор во Јужна Кореја, детето го земало пасошот на таткото и цртало по него на сите страници, па и на таа каде што се наоѓаат фотографијата и податоците за сопственикот.

Таткото не може да излезе од земјата поради непрепознатливост на документите и не се знае кога ќе се врати во Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top