| четврток, 6 декември 2018 |

Конзорциумски договор за стратегиска соработка за директни фондови на ЕУ

evra1

Работна средба на тема „Потпишување на конзорциумски договор за стратегиска соработка за директни фондови на ЕУ за периодот 2014-2020 година“ ќе се одржи денеска во кампусот на Универзитет на ЈИЕ во Скопје.
Целта на потпишувањето на договорот е синхронизирана меѓусекторска соработка за искористување на директните  фондови на ЕУ достапни за субјектите од Република Македонија во функција на зголемување на промоцијата, иновациите и конкурентноста на малите и средните претпријатија.
Македонскиот конзорциум го сочинуваат Централниот регистар на РМ, Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, Универзитетот на ЈИЕ, ЕМКИЦЕ-Центарот за ЕУ фондови и иновации, општините Тетово и Гази Баба…
Меѓу странските партнери и поддржувачи се Европската мрежа на бизнис-ангели, Европската мрежа на бизнис и иновациски центри, Европскиот бизнис-акцелератор и други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top