Две девојки секој ден се качувале на кровот на една од висококатниците во Загреб каде се сончале- голи. Дел од соседите ги фотографирале, амедиумите ги собраа и нивите реакции:
– И мене ми беше топло па излегов на балкон да земам воздух. Видов две девојки како се шетаат по кровот на соседната зграда. Ги распослаа пешкирите и почнаа да се соблекуваат- пренесуваат медиумите очевидец кој продолжува- мислев малку ќе се сончаат во бикини, но искрено се шокирав кога видов дека се соблекуваат до гола кожа- додава смеејќи се, оценувајќи дека девојките веројатно мислеле дека никој не можел да ги види.
-Никогаш не сум бил манијак кој фотографира по кровови и нека уживаат девојките. Само ми беше невообичаено што го одбрале кровот на кој без проблем може „и јајце да се спржи“- додава друг сосед.
Сепак, соседите не би требало да да се грижат, една од сопругите на соговорниците за медиумите додала дека „знаат да се грижат“.
-Девојките се припазуваат од рак на кожата, па редовно се премачкуваат со клрема за сончање. Притоа и често менувале положба на сончање, де на стомак де на грб.
Весниците велат дека иако воочливи девојките сепак биле доволно далеку за да не им се гледаат „стратешките места“. Сепак ги предупредуваат дека според хрватскиот закон за ред и мир, голотијата во градот може да ги чини и неколку илјади куни казна. Затоа и покрај се, солариумот можеби е посигурен за подготовка за на плажа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.