| четврток, 6 декември 2018 |

Оглас за чуварка на задникот на Кејт

katebottomБританското кралско семејство ќе стори се задникот на војвотката од Кембриџ во иднина да остане далеку од очите на јавноста. Германскиот магазин Билд неодамна објави фотографија од неодамнешнта турнеја низ Австралија, кога ветре ја подигна здолништето на Кејт и и го откри „месото“.

Британските медиуми веднаш се „згрозија“ а изгледа исто така реагираше и дворот. Дејли њуз, весник од Љујорк, пишува дека војвотката на идните патувања и јавните настапи ќе ја следи женско лице со задача да спречи идни такви ситуации и фотографии.

Едноставно кажано,работата на таа жена ќе биде Чуварка на задникот на Кејт Мидлтон.

За сега нема информации зошто е потребна полова дискриминација, дали ќе биде распишан оглас во медиумите и кои ќе бидат критериумите и потребното претходно работно искуство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top