| четврток, 6 декември 2018 |

Како се случила катастрофата во Обреновац: Минирале пат и ја свртеле водата кон градот

obrenovacc500

Српски Блиц објави фотографија на која се гледа дека државната агенција „Србија води“ го уништила регионалниот пат кај Коцељев и со тоа реката Тамнава била насочена кон Обреновац.

Директорот на агенцијата „Србија води“  тврди дека патот не бил миниран туку дека на местото каде водата надоаѓала бил направен отвор за да може да истекува низводно во нивите и дека со тоа ги спасиле неколкуте илјади куќи и граѓаните на Коцељев.

– Во спротивно водата ќе беше до покривите и ситуацијата ќе беше многу поопасна – изјавил Горан Пузовиќ за српски Блиц.

Тој додал и дека таа вода не го поплавила Обреновац, бидејќи со испуштањето на водата бранот бил намален и забавен.

Но, голем број граѓани на Обреновац за Блиц изјавиле дека на 15 мај околу 23 часот слушнале силна експлозија по што градот го поплавил голем воден бран кој ненадејно се појавил

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top