| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот Чарлс до Камила: Пијаницо, од тебе нема да биде кралица

царлс

Синот на англиската кралица Елизабета Втора (88), долго молчел, но сега како што велат неговите пријатели, изгубил контрола бидејќи Камила Боулс (66) премногу пие.

-Немаш срам. Никој не те почитува бидејќи изгледаш како старица. Никогаш нема да бидеш кралица ако продолжиш вака – и викал принцот Чарлс (65) на сопругата.

Откако конечно собрал храброст да и укаже, Камила му одговорила дрско.

-Пушти ме на мира. Ако толку ти пречам, може би требало да живееш со својата сакана мајка – му рекла Камила.

Таа никогаш не била миленичка на англиската јавност бидејќи наводно го „става носот каде што не му е место“.

-Камила е манипулатор. Го уверува Чарлс дека неговиот постар син Вилијам не е добар престолонаследник. Единствена цел и е да внесе немир и несогласување во кралското семејство – вели извор близок со Бакингамската палата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top