Крим од денеска минува кон рубљата како своја валута.Во продавниците ќе исчезнат цените во две валути и сите плаќања веќе ќе се извршуваат во рубљи, додека украинската гривна добива статус на странска валута, соопшти ИТАР-ТАСС.
Руската рубља беше прогласена за официјална валута во Крим на 21 март, веднаш по вклучувањето на Крим во составот на Руската Федерација.
Првично беше предвидено во рок од 1,5 година, до 1 јануари 2016 година, на Полуостровот да функционираат две валути, украинската и руската, но подоцна беше одлучено овој рок да се скрати
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.