| четврток, 6 декември 2018 |

Жељко во Париз, Јована во провод

јована

Јована Јоксимовиќ со другарките лудо се забавуваше со песните на Тони Цетински. За тоа време нејзиниот сопруг Жељко Јоксимовиќ беше во Париз. Двомесечниот Коста, го чувала бабата. И на водителката секако и е потребна мала забава, па Јована заедно со другарките Марија Тарлаќ и Сандра Перовиќ се појави на отворањето на еден белградски ноќен клуб каде настапуваше хрватскиот пејач Тони Цетински.

јована 2

Српските медиуми јавуваат дека Јована цела вечер пиела шампањ.

јована 3

Инаку концертот бил посветен на загрозените од поплавите, и таа вечер се собирала парична помош. Тони главно пеел сентиши, но во неколку наврати ја подгреал атмосферата со побрз ритам.

Новопечената мајка покажа дека два месеци по породувањето е во топ форма и дека не заборавила како да се забавува.

јована 4

На журката се појавиле и бројни други познати лица како Дарко Лазиќ, Ана Севиќ, Драгана Миќаловиќ, Ана Бебиќ, Филип Милетиќ, Николина Пишек и други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top