| четврток, 6 декември 2018 |

До понеделник продолжен рокот за пријавување за субвенции

zemjodelie1_g111_0
Земјоделците можат заклучно со понеделник да се пријават за да добијат субвенции. Рокот истече вчера, но бидејќи се паѓа во неработен ден, тој е продолжен до втори јуни. И покрај тоа, подрачните единици на Министерството за земјоделство ќе работат во текот на целиот викенд за земјоделците навреме да поднесат барања.

Тие аплицираат по електронски пат, без доставување на документи, со услов претходно посевите и животните да им се евидентирани во единствениот регистар на земјоделски стопанства и регистарот на животни.

Исплатата на парите ќе се одвива според сезонскиот карактер на производството.

Субвенциите главно се делат на стартот на годината. Во февруари 70 илјади тутунари, лозари, овчари и други земјоделци добија државни субвенции. Годинава за житни и индустриски култури предвидени се 9 илјади денари по хектар. Илјада денари им следува на производителите на добиточна храна, 3 илјади за сончоглед, ориз и за употреба на сертифициран семенски материјал.

Субвенциите за домати и краставици се 30 илјади денари, а за другиот зеленчук 25 илјади денари по хектар. За лубениците и дињите ќе се добиваат 6.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top