Група А
Луѓето со оваа крвна група се искрени, трпеливи и резервирани. Тие се добри партнери и на нив секогаш можете да се потпрете. Најверојатно не се премногу забавни в кревет, но тоа го надоместуваат со одлични вештини на социјализација, па се одлично друштво за вечера. Многу се добри кога некому му треба емотивна поддршка, одлични родители се и добро се снаоѓаат во стресни ситуации.
Група Б
Диви, страстни, креативни, силни: Оваа група е идеална за избегнување во Јапонија, но во поотворените култури веројатна им припаѓа на оние лоши момци што ги обожаваме. Во врска се грозни: Себични и неодговорни, но тоа понекогаш е токму она што го бараме.
Група АБ
Студени глави, смирени, рационални луѓе со многу изразени друштвени способности. Лесно се приспособуваат на која било ситуација. За во врска се одлични, но на едно мора да бидете подготвени: Луѓето со оваа крвна група никогаш нема да ви ја возвратат љубовта во иста мера во која ја добиваат. Освен тоа, одлично друштво се на забавите, а единствена мана им е преголемата критичност.
Група О
Друштвени и оптимистични, имателите на оваа крвна група лесно ќе се согласат со сите предлози и нема да инсистираат премногу на своето. Тие се топли личности, а тоа го комбинираат со одличното чувство за романтика. Со романтичната страна, имаат и неколку лоши: љубоморни се, своеглави и арогантни, така што не е изненадување ако мислат дека имаат право да го проверуваат телефонот на својот партнер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.