Сексот е тема за која многу се зборува и се пишува, но сепак, постојат некои интересни факти што можеби не сте ги знаеле.
1. Во спермата се наоѓаат 37,5 мегабајти ДНК-информации. Тоа значи дека за време на ејакулацијата, во просек се „разменети“ 15.875 гигабајти информации. Уживајте во „комуникацијата“!
2. Контрацептивните пилули влијаат на сетилото за мирис кај жените. Научниците тврдат дека влијанието на пилулите е толкаво што донекаде одредува кој „тип“ мажи ќе ја привлечат жената.
3. Секој ден околу 120 милиони двојки низ светот имаат секс!
4. Иако голем број мажи сакаат да спијат веднаш по сексот, докажано е дека окситоцинот, хормонот што се ослободува додека се галите, ја засилува сексуалната желба кај посилниот пол. Едноставно кажано, галењето е новата вијагра!
5. Веројатно не сте знаеле дека „волшебната таблета“, вијаграта, е барана на „Гугл“ околу 24 милиони пати минатата година. Најчесто барана фраза била „купување вијагра“.
6. Оралниот секс не бил легален во Канада до 1969 година.
7. Редовниот секс повеќекратно добро влијае на вашето здравје! Може да помогне кај инсомнија, ја смалува болката, како и ризикот од рак, дијабетес тип 2, депресија… Исто така, кај мажите што редовно практикуваат секс, помала е можноста да дојде до еректална дисфункција.
8. Само една од три жени доживуваат оргазам за време на хетеросексуален однос.
9. Сепак женскиот оргазам во просек трае 20 секунди, а кај мажите трае само 6 секунди.
10. Клиторисот е единствен орган на човековото тело што служи само за задоволство!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.