Верувале или не, пивото и кикириките се исклучително лоша комбинација затоа што алкохолот ќе ги уништи речиси сите хранливи материи во кикириките. Производите ги јадеме во разни комбинации мислејќи дека со тоа му правиме добро на своето здравје, но постојат некои варијанти кои треба веднаш да ги заборавиме.
Така на пример, многумина потполно го заменуваат сончогледовото или растителното масло со маслиново кое, секако, претставува немерливо поздрава варијанта, но само под одредени околности. Имено, маслиновото масло не треба да се користи за пржење на храна затоа што на тој начин најголемиот дел од неговите благотворни состојки едноставно ќе исчезнат.
Алкохолот исто така има некои лоши дејствија кога се комбинира со кикирики. Да, пивото и кикириките се генијална комбинација, но на тој начин ги убивате сите добри состојки на кикириките – витамините Б, Е, ПП и Д, калиум, калциум, манган и останатите минерали. Затоа, кикирики да, но без пиво.
Лоша комбинација е кока кола и алкохол, особено ако „внимавате на линијата“ па земате диетална кока кола и во неа ставате виски или рум. Проблемот е во тоа што кока колата без шеќер многу брзо се апсорбира во цревата, а тогаш и алкохолот, што значи дека побрзо ќе се напиете затоа што ќе имате повеќе алкохол во крвта, а да не зборуваме за мамурлакот…
На крајот, нешто што само по себе ќе звучи многу чудно, но за секој случај – кивито не го мешајте со млеко или со јогурт. Секако, тоа можеби и онака не ви паѓа на памет, но ако во утринските снегулки одлучите да ставите свежо овошје, а изборот падне на киви затоа што немате друго, знајте дека кивито со своите ензими ќе го разгради млекото кое ќе стане многу горчливо. Секако, истото ќе се случи и ако го ставите кивито на торта премачкана со шлаг кој сте го изматиле со млеко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.