
Следниот пат кога нема да можете да заспиете, а мозокот не престанува да ги врти состаноците кои ве чекаат следниот ден и истовремено настојува да се сети дали сте го заклучиле автомобилот или не, решението би можело да биде едноставно – исфрлете го мобилниот од спалната соба.
Според истражувањето што го спровел Ocom, осум од десет Британци го чуваат мобилниот ноќе покрај себе, додека половината го користат како будилник. Може да претпоставиме дека и кај нас, во Македонија, сликата не е радикално поинаква.
Стручњаците се загрижени заради влијанието што го има ова врз нас. Во најмала рака, ќе бидеме нервозни затоа што ќе ни го попречи спиењето па нема да добиеме одмор каков што му е потребен на нашиот организам. Би можел да поттикне и несоница и други здравствени проблеми, како вторглавица и главоболка.
Главен проблем е светлината што ја произведуваат, особено онаа што доаѓа од паметните телефони. Ова го попречува природниот ритам на телото, па тоа повеќе не знае кога е време за одмор.
Освен тоа, има во себе голем дел сина боја, која е поттикнувачка за мозокот и може да доведе до несоница. Слично е и со телевизорите, но нив не ги чуваме толку близу до очите.
Известувањата и вибрациите на мобилниот исто така можат да го пореметат нормалниот циклус на спиење. Не знаеме дали станува збор за нешто важно или не, но сеедно проверуваме, после што лесно може да се случи повеќе да не можеме да заспиеме. А и потешко ни е да се опуштиме.
Прашање е и какво влијание има сигналот на мобилниот врз вас во текот на спиењето. Се покажало дека електромагнетното зрачење може да има влијание врз електричната активност на мозокот во текот на спиењето. Во некои истражувања испитаниците заспале потешко и поминале пократко време во најдлабок сон ако биле изложени на ЕМ зрачење од тој тип.
Затоа стручњаците препорачуваат спиење без електронски апарати во просторијата. Оставете ги мобилните во дневната соба, во кујната или во некоја друга просторија. Ако можете, исклучете ги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


