
Еден маж и неговата мајка загинале во Кина додека се обидувале од септичка јама да го извлечат мобилниот телефон на сопругата на загинатиот.
Мештаните на селото Ксинксанг во средна Кина извадиле шест несреќни луѓе од септичката јама, од кои двајца мртви.
Во акцијата за извлекување на мобилниот телефон повредени се уште четири лица. На жената во ВЦ шољата и` паднал мобилниот телефон, а нејзиниот сопруг скокнал во септичката јама и се обидол да го најде, но набрзо се онесвестил.
Нему, на помош му притрчала неговата мајка, која исто така се онесвестила. Во помош притрчале и жената на која и` испаднал телефонот и таткото на загинатиот.
Потоа во акцијата за спасување тргнале и двајца соседи кои исто така завршиле во болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


