| четврток, 6 декември 2018 |

Жените повеќе се палат на чевли отколку на мажи

stikli

Тоа е таа љубов што само жените ја разбираат. Нераскинлива врска. Љубов што не знае за крај, не знае за раскинување. Чевлите за жените се многу често и поважни од партнерот.

Изгледа дека љубовта помеѓу жената и чевлите е посилна од што сме мислеле. Судејќи според резултатите од неодамна спроведена анкета од страна на веб страницата Shoebuy.com, ликовите како Кери Бредшо кои се буквално опседнати со чевли воопшто не се измислени, туку во таа категорија спаѓаат и реалните жени.
sakam cevli
Секоја петта испитаничка, од вкупно 1000 на возраст помеѓу 35 и 44 години, открива дека повеќе ја возбудуваат чевлите отколку партнерот.

И тука не е крајот на овие малку непријатни тајни. Половина од испитаничките изјавиле дека го лажат својот партнер за тоа колку пари платиле за одреден пар чевли, а исто толку од нив признаваат дека ги осудуваат другите според изборот на нивните чевли, додека пак секоја четврта испитаничка не би ги соблекла високите потпетици без разлика на тоа колку ја болат нозете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top