| четврток, 6 декември 2018 |

Села бара одговорност од Тачи

sela zijadin

Дојдено време за промени во раководството на ДПА, а Мендух Тачи да понесе одговорност, рече струшкиот градоначалник Зијадин Села во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат М.

Тој бара промена на статутот на партијата, како и одржување на Конгрес по секои избори. Тој смета дека само Конгресот, како највисок орган, може да го разреши лидерот, а не најтесното раководство кое е именувано од самиот претседател на партијата.

– Во моментот кога еден лидер на опозицијата кој и по 10 години на едно лошо владеење, лошо менаџирање на ситуации, на еден толку вазален и сервилен политички субјект како што велиме секој ден пратениците на ДПА, активистите, граѓаните и ти како лидер не успеваш да ја обединиш опозицијата и не успеваш да придобиеш еден таков политички субјект, автоматски одговорноста паѓа врз тебе. Секогаш доаѓа момент кога велиш стоп, толку беше, потребна е нова страница -изјави Села.

Тој ја поддржува идејата двете партии на Албанците да бидат дел од владата. Тој рече дека за високи национални интереси на Албанците, Ахмети и Тачи треба да се поддржуваат меѓу себе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top