Голманот на Р.К. „Вардар“, Страхиња Милиќ им судеше на македонските домакинки. Тој беше дел од жирито од настанот „Домаќинка на месецот“ што денеска се оддржа во во „Сити мoл“, во организација на списанијата „Испрати рецепт“ и „Торти и колачи“. Покрај Милиќ на жените за кулинарските активности им судеше уште еден спортисти, неговиот клубски колега Стефан Терзиќ. Во жири комисијата беа и Ирена Спировска, Татјана Лазаревска и Јелена Спенџарска. Учествуваа десет натпреварувачки во изминатиот период испратија најголем број рецепти во „Испрати рецепт“:
- Ивона Татабитовска Колевска од Скопје – Пилешки ролат
- Гордана Јовановска од Скопје – Селско месо
- Павлина Петрушевска од Скопје – Сармички во лозов лист
- Добринка Блажевска од Скопје – Полнет говедски јазик
- Данијела Стојковска од Куманово – Кумановски мезалак
- Ранка Митева од Скопје – Бомба-сарма
- Васка Андонова од Скопје – Паша-ќофте
- Бонка Богоева од Скопје – Турли-тава со два вида месо
- Македонка Антовска од Скопје – Плескавица со јајце
- Марина Груевска-Стојчевска од Скопје – Ролат со месо
Беа дегустирани специјалитетите што ги приготвија овие домаќинки. Станува збор за главни јадења во чие приготвување домаќинките го употребија зачинот FANT на компанијата „Подравка“, а присутните имаа можност да дегустираат најразлични специјалитети, како што се мајсторски приготвен телешки јазик, кумановски мезалак, турлитава, сармички од лозов лист, „бомба“ од мелено месо и други познати и помалку познати јадења од нашето поднебје.
Гордана Јовановска од Скопје, Данијела Стојковска од Куманово и Васка Андонова од Скопје беа прогласени за најдобри, односно, ги освоија првите три места. Победничките добија поголеми пакети, а ќе добијат и кујнски прибор и садови за готвење, како и привилегијата да бидат дел од учесничките на следниот настан од овој тип што повторно ќе биде организиран од списанијата „Испрати рецепт“ и „Торти и колачи“, а на кој ќе имаат можност да се борат за учество на престижниот балкански избор на „домаќинка на годината“. Водителка на програмата беше Јована Стојменовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст