| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалската легенда Пујол им се радуваше на головите на Лазаров

Фудбалската легенда Карлес Пујол е присутен во „Ланксес“ арената во Келн и од трибините го следи второто полуфинале во ракометната Лига на шампиони меѓу Барселона и Фленсбург. Нормално стоперот навива за својот клуб, а камерите го „фатија“ како се радува на еден од шестте погодоци што ги постигна македонскиот репрезентативец КирилЛазаров.

Капитенот на Македонија е еден од најефикасните ракометари на мечот, а Барса е многу блиску до пласман во финалето и дуел за титулата против Кил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top