
Според истражувањето на лондонскиот институт Еconomist intelligence unit, најздрави во светот се жителите на Шведска и Норвешка, а најлошо здравје имаат тие што живеат во Русија, Латвија и Украина.
Загрижувачкото 14 место е Британија го заслужи поради, како што се тврди во истражувањето, големиот број на заболени од рак, од болестите на белите дробови и од сида. Во истражувањето се истакнува дека Британците имаат лошо здравје и поради неквалитетна и во основа нездрава храна.
Подобро здравје од британија имаат, покрај европските земји со ист степен на развој и богатство и граѓаните на Словачка, Словенија, Чепка и Грција.
Како за утеха, забележуваат британските аналитичари, полоша здравствена состојба од Британците имаат Германците. Германија е земја што во европа најмногу троши за здравствено осигурување, но е дури на 16 место на табелата на институтот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


