| четврток, 6 декември 2018 |

Солидарност – Скопје домакин на европските мечувалци (фотогалерија)

Скопје денеска беше домакин на мечувалците ширум Европа. Мечувалскиот клуб Работнички и Македонската мечувачка федерација се организатори на 48. издание на меѓународниот турнир „Солидарност“, што се одржува во спортската сала „Форца“ во Скопје.

mecuvanje4

Учествуваат натпреварувачи од Македонија, Романија, Грција, Бугарија и Србија.

Првото издание на „Солидарност“ се одржало во 1965 година, а е основан по катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, како идеја за солидарност и помош на сите народи од светот кон главниот град на Македонија.

фото: Игор Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top