| четврток, 6 декември 2018 |

Проруски протест за мир во центарот на Доњецк

Околу 2.500 луѓе се собраа на плоштадот „Ленин“ во центарот на Доњецк, протестирајќи во поддршка на мирот со знамиња на самопрогласената Доњецка Народна Република и скандирајќи: „Русија“.

Пред учесниците се обрати претседателот на Врховниот совет на „Доњецката Народна Република“, Денис Пушилин.

Тој нагласи дека во моментот најважно за проруските сепаратистички сили е тука да се обезбеди заштита на децата кои се наоѓаат во зоната на воени дејствија. Се организира нивно евакуирање во кампови на Крим и во Русија.

На прашањето кога на територијата на самопрогласената република ќе биде воведена рубљата, Пушилин одговори дека „тоа ќе се случи во блиска иднина“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top