Албанија потпиша договор со Светска банка за два кредита за поддршка на буџетот во вредност од 220 милиони долари.
Кредитите имаат за цел да му помогнат на буџетот на земјата и да ги поддржат реформите на Владата во даночниот и пензискиот систем, како и во енергетскиот сектор. Средствата треба да се врата во рок од 30 години со седумгодишен грејс период, соопшти Светската банка.
Албанската Влада се соочува со голем државен долг, кој минатата година достигна 70,5 проценти од бруто домашниот производ, наспроти 60 отсто во 2012 година.
Банката и властите во Тирана не наведуваат колкава ќе биде каматата за кредитите. Во февруари Меѓународниот монетарен фонд и одобри на Албанија кредит од 331 милион евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Владата ја испрати ќерка му на Таки Фити како претставник на Македонија во Светска банка
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија


