Познатиот германски ди-џеј Јан Пули, кој е добро познат на македонската публика како и по неговата безвременска музика, така и по многу посетените и успешни настапи во нашата држава, повторно ќе претстави дел од неговиот нов албум “What I Do”, но и неговите добро одбрани фанк и грув траки, целото тоа склопено во еден двочасовен сет.
Како поддршка таа вечер ќе настапат нашите добро познати ди-џеи Никифор, Томи Бојаџи и Нино Флудер.
Настанот ќе се одржи во малата сала на спортскиот центар “Борис Трајковски” на утре со почеток во 22 часот.
Вечерта на настанот, бината и осветлувањето ќе бидат од највисоко ниво, а и публиката ќе има можност да го слушне најквалитетното озвучување во Македонија. Влезниците ќе чинат 250 денари во предпродажба, а 350 денари на врата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



