| четврток, 6 декември 2018 |

Откажани летовите од и до австралискиот аеродром поради активирање на индонезиски вулкан

Авионските летови од и до австралискиот аеродром Дарвин денеска се откажани поради активирање на вулкан на индонезискиот остров Сангеан.

Метеоролошката служба соопшти дека вулканска пепел се движи во правец југ-исток, загрозувајќи го северниот дел на Австралија.

Двете најголеми австралиски авиокомпании Квонтас и Вирџинија соопштија дека летовите од и до аеродромот Дарвин ќе бидат откажани додека не се обезбедат сигурни услови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top