| четврток, 6 декември 2018 |

Киднапираното дете ја измислило приказната

полицијаЦелата потера со киднапирањето денеска било детска измислица за да се спаси од неволја.
Според информациите 12 годишник бил киднапиран од двајца маскирани кои со кршење на вратата влегле во стан на бизнисмен во скопски Чаир. Во домот останал помалиот брат.
Всушност, 12 годишникот тајно земал 120 евра од дома. Како начин да се спаси од неволја заради украдените пари од дома, ја измислува приказната со киднапирањето, а истото го убедува и помалиот брат.
12 годишникот всушност заминал кај вујко му.
Но, кога слушнал дека веста се рашири по медиумите и дека е вклучена цела полиција да го бара, самиот се вратил.
Целата сторија за лажењето ја раскажал пред психолог во МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top