| четврток, 6 декември 2018 |

Детето е пуштено, се трага по киднаперите

полицијаKиднапираното момче вечерва беше ослободено, објави Канал 5. Тоа било оставено кај новата џамија во населбата Чаир, по што побарало мобилен телефон да се јави кај семејството.
Полицијата попладнето ја блокираше улицата „Цветан Димов“ во близина на трговскиот центар Чаирчанка кај Јаја Паша џамијата во скопската општина Чаир откако порталот на албански јазик Коха јави дека било киднапирано 12 – годишно момче.
Според првичните информации, напаѓачите влегле во станот на скопски бизнисмен од каде што украле вредни предмети и го грабнале неговиот син.
Во станот во времето на киднапирањето бил и помалиот син. Скопската полиција потврдува дека интензивно работи на фаќање на киднаперите, но се уште нема потврда за мотивот за нападот.
Двајцата маскирани околу 16 часот кај трговскиот центар Чаирчанка со сила влегле во станот на бизнисменот кога тој и неговата сопруга не биле дома и го киднапирале нивниот постар син.
Според непотврдени информации, полицијата работи на анализа на неколку камери поставени во комерцијални објекти во близина на инцидентот коишто можат да помогнат во откривање на киднаперите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top