| четврток, 6 декември 2018 |

ММФ подготвил 190 милиони евра за БиХ

doboj-poplavaМеѓународниот монетарен фонд е подготвен двојно да ги зголеми средства, на околу 190 милиони евра, за финансирање на БиХ со стендбај аранжман, како помош за земјата во справување со последиците од поплавите, изјави претставник на ММФ. Како што пренесува бугарската новинска агенција БТА, Фондот ќе ја намали својата прогноза за економскиот раст на БиХ за приближно 0,5 проценти и значително ќе ја ревидира утврдената цел за фискален дефицит од два процента од БДП во рамки на стендбај договорот, изјавил во интервју за Ројтерс, Рон ван Руден, шефот на мисијата на ММФ, која се наоѓа во посета на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top