| четврток, 6 декември 2018 |

Барак не ја дава Мишел Обама за Претседател на САД

misel obamaАмериканскиот претседател Барак Обама изјави дека неговата сопруга Мишел никогаш нема да се кандидира за шеф на државата, „освен ако не се вмешаат вонземјани“.

Прашан што ќе помисли ако по 10 години Мишел Обама му соопшти дека ќе се кандидира за претседател на САД, тој на шега одговори дека ќе праша „што направивте со мојата сопруга? Бидејќи според мене тогаш некој вонземјанец ќе биде во нејзиното тело“.

– Можам да ви ветам едно нешто, а тоа е дека Мишел нема да се кандидира за должност за која гласа народот, увери американскиот претседател, чиј втор мандат завршува на 20 јануари 2017 година.

Уште пред две години Мишел Обама ја отфрли ваквата можност, признавајќи дека претседателската функција е навистина тешка.

– Човек кога ќе порасне ќе научи до каде му се можностите и интересите. За мене тие достигнуваат до нешто друго од тоа да бидам претседател, изјави првата дама на САД.

Обама нагласи дека поранешната прва дама и американски државен секретар, Хилари Клинтон би била многу успешен кандидат за претседател, доколу таа се согласи да се кандидира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top